Карло Ќелавиот (843-887
година)
Карло II Ќелавиот бил крал на Западното Франкско Кралство. Тој е
најмладиот син на Лудвиг I
Благочестивиот. Роден е на 13. Јуни 823 година, кога неговите браќа веќе биле
пораснати, и имале добиени свои територии. Неговиот татко се нашол во тешкотија
со тоа што не знаел како да ја одземи веќе дадената територија и да му ја
додели на Карло Ќелавиот. Најпрво се обидел да му ја додели Алиманија, па потоа
Италија во 832 година, но после Лотаровата побуна ја добил Аквитанија.
Карло Ќелавиот
Бројните судири и
недоразбирања на Лудвиг Благочестивиот и неговите синови Лотар и Лудвиг I Германиски придонеле Карло на моменти да поседува своја
територија а на моменти не. Сепак неговиот татко не се предавал, со што на
Карло Ќелавиот да му ја додели цела денешна Франција.
По смртта на Лотар,
во државата било мирно. Понекогаш браќата се здружувале во спроведувањето на
својата политика. Карло
Ќелавиот не бил многу популарен помеѓу народот. Имало побуни од страна на
племињата на Аквитанија и Бретања против него. Бретанците успеале да го победат
во битката кај Балона во 845 година и во битката кај Јувардеја во 851 година,
со што добиле независност.
Карло Ќелавиот се борел и
против Викинзите, кој го уништиле северното подрачје на земјата, по долината на
реката Сена и Лоара, а дошле и до Аквитанија. Карло многу често плаќал висока
цена за Викинзите да се повлечат на почетната позиција.
Незадоволството на
племенството го повикале Лудвиг I Германиски во 858 година
за да го отстрани Карло Ќелавиот од власта. Па така Лудвиг I Германски го нападнал Западното Франкско Кралство. Карло
толку бил непопуларен помеѓу својот народ што не можел да собере доволно војска
за одбрана, па затоа избегал во Бургундија. Го спасува епископот, кој одбивал
да го круниса Лудвиг I
Германски за крал на Западното Франкско Кралство. Одбиле да го обединат
Кралството, со што Карло Ќелавиот успеал да си ја врати територијата.
Карло Ќелавиот станал цар
на Светото Римско царство на 29.
Декември 875 година. Лудвиг I Германски бил кандидат за истата титула, па по дознавањето дека Карло ја
добил таа титула го напаѓа, со што Карло бил присилен да се врати во Франција.
По смртта на Лудвиг I
Германски на 28. Август 876 година. Карло Ќелавиот се обидува да ја зазема
Германија но е победен во Битката кај Андернаха на 8. Октомври 876 година.
Папата го повикува да и помогне на Италија против Сарацена, но неговата војска
не го следела. Токму со овој поход Карло Ќелавиот почина на 5 или 6 Октомври
877 година.
Западно
Франкско Кралство
За време на
владеењето на Карло II
Ќелавиот (крал 843-877; цар 875-877) успеало да се прошири Западното Франкско
Кралство. Имено во 869 година починал Лотар II, а притоа не оставил наследници, со што Карло II Ќелавиот се обидел неговата територија да ја припои кон
Западното Франкско Кралство. Но тоа не било профатено од страна на Источното
Франкско Кралство со што кралот Лудвиг Германски го нападнал Карло Ќелавиот.
Конфликтот бил решен со мировен договор на Мерсан (Мерсанскиот договор) од 870
година со што Лотарингија била поделена помеѓу Карло II Ќелавиот и Лудвиг I Германски. Овие територии останале во составот на
Западното Франкско Кралство до 895 година, кога било прогласено за самостојно
кралство Лотарингија.
Во 875 година исто така починал и Луј II од Италија кој исто така не оставил наследници, со што
Карло II Ќелавиот се наметнал како Император на таа територија.
Лудвиг II
Германски починал следната година, а неговата територија
била поделена помеѓу неговите три сина.
По смрта на Карло Ќелавиот
во 877 година, неговото место го зазел неговиот син Луј II Д’ткавиот (877-879 година). Со смртта на Луј II Д’ткачот во 879 година Западното Франкско Кралство
западнало во криза. Пред неговата смрт, тој ја поделил територијата помеѓу
неговите синови Луј III (879-882година) и Карломан II (879-884 година). По нивната смрт кралството го наследил Карло Дебелиот
(884-888 година) Тој најпрво го наследнил Источното Франкско Кралство, а потоа
и Западното Франкско Кралство. Ова значи Франкската Империја, како и многу пати
до сега се вратила и се обединила. Но обединетата теритотија траела доста
кратко, поради нападите од Викинзите. После смртта на Карло Дебелиот власта ја
наследува некаролиншки владетел кој владеел од 888 до 898 година. Потоа на
престолот доаѓаат Карло III Простиот (898-922 година), кој бил некаролиншки владател; Лиј IV Прекуморски (934-954 година); Лотар ( 954-986 година) кој
бил внук на Отон I и Луј V Мрзливиот ( 986-987 година).
Обединетото Източно и
Западно Франкско Кралство
Историјата на Западното
Франкско Кралствово текот на втората половина на IX век и првата декада на X век се карактеризира со утврдување на градовите во
државата поврзано со дефанзивните војни на каролиншките владетели за одбрана од
бројните инвазии на Норманите. Како резултат на незадржливите нормански налети,
опсади, опожарувања на најголемите градски центри, а со цел истите да запрат,
Карло III
Простиот ќе ги отстапи териториите по долниот тек на
реката Сена на Норманите во 911 година, оттогаш наречена Нормандија. Односите
со Источното Франкско Кралство, чии владетели најчесто ја носеле и
императорската круна, во периодот од втората половина на IX век до крајот на Х век биле главо мирни, со повремени
несогласувања и краткотрајни воени пенетрации, без притоа видно да се нарушат
воспоставените гранични линии.
Кон крајот на IХ век во Западното Франкско Кралство започнала
да се издвојува фамилијата на париските грофови Робертини, која се наметнала
како решавачки фактор во државата, па дури и како носител на реалната власт во
времето на Ед (888-898 година) и Роберт I (922-923), синови на Роберт Силниот, грофот од
Анжу. Токму од нивните редови ќе произлезе и претставникот на новата династија.
Имено, по прераната смрт на последниот каролиншки крал, дваесетгодишниот Лудвиг V, во 987 година, кој не
оставил наследник, истата година во Нуајон за крал бил прогласен угледниот и
влијателен Хуго (Иг) Капет (987-996 година), внук на Роберт I и син на Хуго Велики.
Со тоа и официјално престанало владеењето на Каролиншката династија и на
Западното Франкско Кралство и започнал период на Франција и владеењето на
новата династија Капетинзите.





